Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Холандија и САД ја отвораат елиминациската рунда на СП

/

пред 1405 дена

Сподели преку :

Со дуелот меѓу репрезентациите на Холандија и САД почнува елиминациската фаза од Светскиот шампионат во Катар.

Холанѓаните по пауза од осум години повторно се дел од Мундијалите и ќе се обидат да го повторат успехот од Бразил кога стигнаа до третото место, а во Јужна Африка беа втори.

И фудбалерите на САД не беа дел од првенството во Русија, а на Мундијалите во Бразил и Јужна Африка стигнаа токму до оваа фаза.

Американците ќе се обидат да го повторат успехот од 2002 година кога успеаа да стигнат до четврт-финалето каде беа совладани од Германија.

Што се однесува до традицијата на меѓусебни дуели, Холандија има четири победи во пет средби.

Единствената победа Американците ја бележат во 2015 година кога во Амстердам славеа со 4:3.

Двете селекции за прв пат во историјата се соочуваат на Светските првенства.

ФОТО: Игор Паневски