Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пандемијата на ковид 19 е пред крај, но последиците остануваат

/

пред 1400 дена

Сподели преку :

Со појавата на последната Омикрон варијанта, бројот на хоспитализации значително опадна, но голем број пациенти ги чувствуваат последици од коронавирусот.

Првиот човек на Институтот за имунологија вели дека пандемијата е пред крај, но мора да останеме одговорни.

Кардиолошките или невролошките последици кои се најчести, траат со месеци, а може и со години, во најлош случај трајни.

Околу 500 лица секојдневно се на кардиолошки преглед, со симптоми на замор, краток здив, болки во градите. Меѓу нив најбројни се постарите, жените и невакцинираните.

Невролозите велат дека поради тоа што ковидот го атакува мозокот, тоа влијае врз сите функции на органите, па затоа кај луѓето кои прележале ковид има нарушена свест, слаба меморија, па и носење на погрешни одлуки.

Коронавирусот ги напаѓаше долните дишни патишта и секојдневно ги полнеше болниците, одзеде многу човечки жртви.

По појавата на Омикрон варијантата ситуацијата се смири и сега пациентите се со инфекции само на горните дишни патишта.

Тамара Марковска