Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ вели „генераторот е сервисиран“: ТЕЦ „Неготино“ од утрово се става во функција за производство на струја

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

АД Електрани на Северна Македонија соопшти дека ТЕЦ „Неготино“ од изутринава ќе почне со активности за нејзино ставање во функција на производство.

„Утрово во 7:30 часот почнуваат активности за ставање на електраната во функција на производство“, информираат од Електрани на Северна Македонија.

Како што посочија од компанијата, во договорот со економскиот оператор кој ги изведувал работите бил наведен 15 декември како датум за завршување на зафатите.

Во сервисните и ремонтните активности беа вклучени економскиот оператор „Монтинг Инженеринг“, вработените во ТЕЦ „Неготино“, АД ЕСМ, РЕК Битола и консултанти од производителот од Украина.

Генераторот е произведен во 1975 година и во ТЕЦ „Неготино“ е ставен во употреба во 1978 година. Ова е прво отворање и големо ремонтирање на генераторот.