Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови дојави за поставени бомби во девет средни училишта, но и во Народната банка – во тек евакуација

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Во Народната банка во тек е евакуација на вработените откако утрово на електронска адреса била примена закана за поставена бомба во објектот. Потврда Телма доби од МВР. Станува збор за прва закана за поставена бомба во централната банка, а во изминатиов период, ова е прва закана кон институција која не е образовна, односно изминатите недели имаше пријави за бомби во училишта.

„Околу 9.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во информацијата од МВР.