Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од утре нови набавки на струја -ќе се потрошат близу 4 милиони евра за набавка на речиси 9000 мегават часови.

/

пред 1408 дена

Сподели преку :

Повторно нови милиони евра за нови набавки на електрична енергија.

Од утре па се до 11-ти месецов ќе се потрошат близу 4 милиони евра за набавка на 8.840 мегават часови електирчна енергија.

Само за овој месец досега за набавка на струја потрошени се над 10 милиони евра за период од први до денеска.

Оваа е трета набавка на струја која се прави месецов.  Се купува од едни исти фирми,  чии имиња постојано  се вртат во извештаите.

На ЕСМ набавките  и  понатаму не се објавуваат, последните податоци се од крајот на  ноември.

Властите се надеваат дека во декември сите  енергетски објекти ќе работат  со максимален капацитет и со тоа да се намали потребата од  набавка на струја. За сега на мрежа е вратен и Осломеј а и Неготино. Но РЕК Битола се уште работи со два блока.

Од ЕСМ за Телма велат дека зголемените набавки се резултат на тоа што од први декември на ЕСМ Продажба се приклучени и други потрошувачи по  одлука од Влада, како фирми од прехранбената индустрија, училиштата и водостопанствата.

Од домашното производство пак за сега се покриваат потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, односно на сите оние кои се на регулираниот пазар и за кои ЕСМ има законска обврска да обезбеди струја од дома.