Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Суспендираниот началникот во МВР за случајот „Флешер“ на фотографија и со Ахмети, Спасовски тврди „сè е расветлено“

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Покрај новоотворената дисциплинска постапка во МВР, Вулнет Аземи има и спомен фотографија со лидерот на ДУИ. На фотографијата која ја доби Телма, началникот Аземи којшто ги лажел колегите полицајци и го предизвика случајот „Флешер“, поврзан со синот на заменик министерот Назим Буши, стои прв до Али Ахмети.

За Аземи е отворена дисциплинска, како и за двајцата полицајци кои, како што тврди МВР, тој ги довел во заблуда. Аземи им кажал на колегите да ја избришат пријавата за мерцедес кој со флешери возел пребрзо и ги доведувал во опасност останатите возачи на Качанички пат. Лагата на скопскиот полициски началник била дека автомобилот мерцедес е службено возило.

Министерот Спасовски денеска во Струмица дојде со врвот на МВР, ама без заменик министерот Назим Буши. Вели дека случајот е расветлен, откако  МВР соопшти дека мерцедесот не го возел синот на Назим Буши, туку Гентиан Колци, вработен во скопски хотел во градскиот парк. Спасовски се виде со началникот Аземи во петокот во СВР Скопје, се поздравија. Спасовски тврди дека не е важно зошто уште тогаш началникот не му кажал за својата ургенција за Колци, а стоеше до министерот кој не знаеше кој е возачот за кој Аземи ургирал.

Како началникот Аземи за неколку минути разбрал за пријавата за мерцедесот со регистрација 0202, поврзан со синот на Буши и како началникот е поврзан со прекршителот Колци. Одговор Спасовски не дава на овие нејасни околоности.

И покрај сите дилеми и мистерии, Спасовски е уверен дека внатрешната контрола го решила случајот Флешери без да го спомне синот на заменикот Буши.

Миомир Серафиновиќ