Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени уште 10 лица за нападот врз полицајците кај Чашка

/

пред 2198 дена

Сподели преку :

Приведени се  уште десет лица од вкупно 14, поради нападот на полицајци кај Чашка. Се работи за инцидентот во кој групата од петмина полицајци од полициското одделение во Чашка правеле редовна патрола во близина на селото Степанци, на повеќе од 40 километри од центарот на Велес.

Полицајците сопреле за проверка три патнички моторни возила, без регистарски ознаки, при што едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва, кои од страна на полициските службеници биле одземени.

При контролата групата дрвокрадци ги нападнале полицајците при што ги искршиле стаклата на полициското возило и со тврд предмет нападнале полицаец при што добил тешки нелесни повреди а четворица полициски службеници се со телесни повреди.