Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова финансиска инјекција од 76.000 евра за експропријација на земјиште за изградба на автопатот кон Охрид

/

пред 1402 дена

Сподели преку :

Јавното претпријатие за државни патишта во следниот период ќе се задолжи со над 4 милиони денари, објави порталот Фактор. Средствата ќе се користат за експропријација на земјиште за изградба на автопатот кон Охрид.

За оваа цел, тие добија банкарска гаранција од Владата, со што се создаваат можности ова јавно претпријатие да ја оствари зацртаната цел, односно преку процес на експропријација да создаде услови за комплетирење на автопатот.

Владата на 1 декември донесе одлука со која се дава согласност „за задолжување заради издавање на банкарска гаранција за потребите на постапката за експропријација за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта на седницата одржана на 28.11.2022 година“.

Од ЈП Државни патишта за „Фактор“ велат дека банкарската гаранција ќе биде издадена на вредност од 4.138.922 денари, или околу 67 илјади евра.

– Банкарската гаранција се издава исклучиво за експропријацијата. Јавното претпријатие согласно Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2022 година за експропријација има обезбедено парични средства во висина од 200.000.000 денари – појаснуваат од ЈП за државни патишта.