Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АД ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април

/

пред 1401 дена

Сподели преку :

ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април.

  • Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Република Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба, за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди, информираат денеска од АД Електрани на Северна Македонија.

Целта на повикот, како што е наведено во соопштението, е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот од 1 јануари до 30 април 2023 година.

  • Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период. Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември, се наведува во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.