Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Првиот лет од Скопје, по дојавата за бомба, најавен за 12:20 часот

/

пред 1405 дена

Сподели преку :

Летовите од скопскиот аеродром не се откажани, но сообраќајот е моментно запрен по заканата за поставена експлозивна направа што беше примена утрово по електронски пат, информираат од „ТАВ Македонија“.

„Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на МВР прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред”, се наведува во соопштението на „ТАВ Македонија“.

Според официјалниот сајт на аеродромот, првите летови од Скопје, по утринската дојава за бомба, се најавени за 12:20 часот кон Лондон, односно во 12:35 часот за Виена.