Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Златната топка за Меси, Мбапе најдобар стрелец

/

пред 1389 дена

Сподели преку :

Пред доделувањето на трофејот на новиот Светски шампион беа поделени и индивидуалните награди.

Сосема очекувано за најдобар фудбалер на турнирот е прогласен капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, кој ја предводеше селекцијата до третиот мундијалски трофеј во историјата.

Килијан Мбапе ја освои наградата за најдобар стрелец. Францускиот репрезентативец со осум погодоци беше најефикасниот фудбалер на шампионатот, а воедно влезе во историјата како прв играч што постигнал хет-трик во едно финале по Џеф Харст во 1966 година.

За најдобар голман на првенството е прогласен Емилијано Мартинез додека неговиот соиграч од аргентинската репрезентација, Енцо Мартинез го освои признанието за најдобар млад фудбалер.