Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) „Вамос Аргентина“, лудница низ улиците на Буенос Аирес, Аргентина ја слави шампионската титула

/

пред 1396 дена

Сподели преку :

„Вамос Аргентина“ одекна на трибините на Лусаил стадионот во Катар, но и низ улиците на Буенос Аирес и сите останати аргентински градови по прецизниот удар на Гонзало Монтиел од белата точка што значеше победа и трета титула за „гаучосите“ на Светските фудбалски првенства.

Аргентина ја имаше втората, по бројност, армија на навивачи на Мундијалот во Катар, по Мароко. Но, голем дел од верните аргентински фанови останаа дома и со секој дел од телото пулсираа со момците на Лионел Скалони и го преживуваа секој драматичен момент во големото финале против Франција.

Аргентинците се познати по фантастичната атмосфера што ја приредуват на фудбалските натпревари, па светските агенции забележуваат дека амбиентот на „Лусаил“ во Катар, на моменти наликувал на легендарните „Ла Бонбониера“ и „Мас Монументал“.

„Фудбалот во Аргентина е како религија, а репрезентацијата е еден од ретките фактори на обединување“, изјави еден од аргентинските фанови.

Објективите на светските фоторепортери беа вперени во Аргентинците кои на улиците, на плоштадите, пазарите и на сите јавни места каде што можеше да се соберат, го гледаа финалето против Франција. Пееја и драматично го поднесуваа и преживуваа секој драматичен момент од мечот за титулата, за на крајот сè да експлодира – Аргентина стана шампион на светот.