Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поканата која стигнала до струшкиот затвор за спроведување на Мијалков била со поминат датум, утврди Управата за извршување на санкции

/

пред 1398 дена

Сподели преку :

На барањето од Кривичниот суд кое пристигнало во затоврот во Струга пишувало дека Сашо Мијалков треба да се појави на расправата по кривичниот предмет “Титаник 2” на 12-ти декември, ова го утврди вонреден надзор на Управата за извршување на санкции.

Како што информираат оттаму, барањето е заведено во затворот со приемен печат 14-ти декември, но иако станува збор за два дена предходно на тоа никој не укажал. од Управата за извршување на санкции информираат дека веројатно се работи за грешка, особено поради фактот што ни судот не ја воочил грешката и не доставил исправка на овој акт.

„Имајќи предвид дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби , Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга. Воедно е разговарано и со осуденото лице С.М за настанатата ситуација. Одговорните во КПД Струга денес по електронска пошта се известени за следната закажана судска расправа на 26.12.2022 година и спроводот на осудениот е веќе планиран“, информираат од Управата за извршување на санкции.