Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Во пожар во хотел во Камбоџа загинаа 10 луѓе

/

пред 1392 дена

Сподели преку :

Најмалку 10 луѓе го загубија животот во голем пожар во хотел со коцкарница на границата на Камбоџа со Тајланд.

Во пожарот, кој избувна околу полноќ по локално време, во хотелот со коцкарница Гранд дајмонд сити во камбоџанскиот град Поипета, на западот од земјата, „загинаа десетина, а повредени се 30 луѓе“, се наведува во привремениот извештај на камбоџанската полиција.

Оганот во целост ја зафатил зградата на хотелот со повеќе ката и преминот меѓу двата објекта.

Повредените се упатени во болница во соседната тајландска покраина Са Керу, соопшти извор во тајландското министерство за надворешни работи. Мобилизирани се и тајландски пожарникари, додаде тој.