Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бернардо Силва сака да си замине од Сити

/

пред 1374 дена

Сподели преку :

На почетокот од јануарскиот преоден рок повторно се активираат шпекулациите околу евентуалното заминување на Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Трансферот на португалскиот репрезентативец беше актуелен и во паузата меѓу двете сезони, но на крајот тој сепак реши да остане во редовите на првакот на Англија.

Деновиве повторно се појавија најави за неговото барање за предвремен раскин на договорот, кој завршува во 2025 година, а како најголема пречка во реализацијата на трансферот е висината на обештетувањето кое изнесува 180 милиони евра.

Неофицијално тој барал да се врати во Бенфика, клубот во кој го ја почна кариерата, но локалните медиуми пишуваат дека тимот од Лисабон не е во можност да ги исполни неговите финансиски барања и затоа се најавува дека тој следното лето би можел да замине во Барселона, која покажа интерес за него во текот последниот трансфер период.

ФОТО: Игор Паневски