Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јувентус ќе се обиде да го задржи Рабио

/

пред 1374 дена

Сподели преку :

Францускиот репрезентативец Адриен Рабио следното лето ќе има статус на слободен играч, но Јувентус во следниов период ќе се обиде да ги обнови преговорите за продолжување на соработката.

Старата дама на Рабио е подготвена да понуди вкупни примања од осум милиони евра по сезона. Седум ќе бидат исплатени како годишна плата додека дополнителниот еден милион ќе се исплати како бонус.

Рабио сакаше да си замине од Торино уште во текот на минатиот преоден рок, но неговите превисоки финансиски барања го оневозможија неговиот трансфер, а за него најголем интерес покажа Манчестер Јунајтед.

Неофицјално постои голема веројатност Рабио да ја одбие и оваа понуда од Јувнетус бидејќи тој бара годишно да инкасира 10 милиони евра, услов кој се чини дека не можат да го исполнат ниту остантите заинтересирани клубови во Европа.

ФОТО: Игор Паневски