Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воздухот во Скопје и денес меѓу најзагадените во светот

/

пред 1385 дена

Сподели преку :

И покрај вчерашното расчистување на атмосферата од магла и загаден воздух во главниот град, Скопје и утринава повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот. На листата на светски најзагадени градови, Скопје се наоѓа на десетото место со индекс на квалитет на воздухот од 165, а според параметрите од овој индекс сите вредности над 100 се сметаат за екстремно високи.

Главниот град во Македонија вчеравечер се искачи на врвот како најзагаден град со индекс на квалитет на воздухот 208. И во однос на регионот, Скопје останува лидер со најзагаден воздух на Балканот. На 18 место се наоѓа Сараево, на 23 место е Приштина, додека пак Белград се наоѓа на 27 место.