Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хрватска нов тест за ракометарите пред настапот на СП

/

пред 1367 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва од 20 часот и 15 минути во рамките на Кроација купот ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари во пресрет на настапот на Светскиот шампионат.

Селекторот Кирил Лазаров на средбите против домаќинот и репрезентацијата на Израел нема да може да смета на повредениот Филип Талески, а за Пореч не отпатуваа ниту Никола Митревски и Цветан Кузмановски.

Интересот за дуелот во Пореч е огромен и нашата селекција вечерва ќе настапи пред полни трибини, а овој дуел одлична можност за проверка на формата пред заминувањето за Краков и мечевите на Мундијалот против Норвешка, Холандија и Аргентина.

Светскиот шампионат ќе се одигра во периодот од 11 до 29 јануари, а домаќини се Полска и Шведска.

ФОТО: Игор Паневски