Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мендеш инсистира на трансфер на Феликс во Манчестер Јунајтед

/

пред 1370 дена

Сподели преку :

Менаџерот на Жоао Феликс, Жорж Мендеш имал средба со претседателот на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Мартин во обид да ја забрза работата околу реализацијата на трансферот на неговиот клиент во Манчестер Јунајтед.

Мендеш наводно веќе ги договорил условите под кои младиот репрезентативец на Португалија би се преселил на Олд Трафорд, но најголема пречка е висината на обештетувањето кое клубот од шпанската престолнина го бара за предвремен раскин на соработката.

Според неофицијални информации Манчестер Јунајтед е подготвен за шестмесечна позајмица на Жоао Феликс, а во текот на летото би преговарал за комплетирањето на трансферот.

Атлетико дал начелна согласност, но и тука проблем се финансиите. Шпанскиот клуб за шест месеци бара сума од 20 милиони евра од кои пет ќе ги покријат трошоците за неговата плата.

Манчестер Јунајтед во текот на преговорите понудил сума од 15 милиони која веднаш била отфрлена.

ФОТО: Игор Паневски