Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грение триумфираше на велеслаломот во Крањска Гора

/

пред 1367 дена

Сподели преку :

Канаѓанката, Валери Грение е победничка на велеслаломот што се одржа во Крањска Гора, а се бодува за Светскиот куп во алпско скијање.

Таа во двете трки имаше вкупно време од 1 минута 55 секунди и 1 стотинка и за 37 стоти дела беше побрза од Марта Басино од Италија додека трета е словачката скијачка Петра Влхова.

Микаела Шифрин имаше уште еден неуспешен обид да го израмни рекордот на сонародничката Линдзи Вон од 82 победи во Светскиот куп бидејќи денеска во Марибор го освои шестото место.

Во редоследот за велеслалом на чело е Басино со 380 бода пред Шифрин со 300, а на третата позиција се наоѓа Лара Гут Бехрами со 297.

Во генералниот пласман лидер е Шифрин со 105 бода, 369 повеќе од Влхова, а на третото место е Венди Холденер од Швајцарија со 511.

Утре на програмата е трката во слалом по што ќе биде позната и победничката на 59-тото издание на Златната лисица.