Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД и Италија во финалето на Јунајтед купот

/

пред 1366 дена

Сподели преку :

Репрезентациите на САД и Италија ќе настапат во финалето на Јунајтед купот што се одржува во Австралија.

Италијанките денеска ја потврдија победата над Грција откако Луција Бронцети успеа да ја совлада Валентина Граматикопулу со 6:2 и 6:3, а единствениот поен за противникот го освои Стефанос Циципас кој триумфираше над Лоренцо Мусети.

Американците место во финалето обезбедија откако во полуфиналето против Полска успеаа да забележат победа од 5:0. Тејлор Фриц славеше над Хуберт Хуркач, Медисон Кис беше поуспешна од Магда Линет, а во мешани двојки комбинацијата Пегула-Фриц триумфираше над Русолска и Кубот.

Претходно Пегула ја совлада првата тенисерка на светот Ига Својнтек, која подоцна се повлече од турнирот поради проблеми со рамото.