Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велеслаломот во Аделбоден за Одермат

/

пред 1367 дена

Сподели преку :

Швајцарецот Марко Одермат е победник на петтиот велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање што се возеше на патеката во Аделбоден.

Домашниот скијач во двете трки имаше за 73 стотинки подобро вкупно време од Хенрик Кристоферсен од Норвешка додека трет со заостанување од секунд и 66 стоти дела е уште еден Швајцарец, Лоик Мелар.

За жал трката ја одбележа падот на Виктор Муфа Жанде од Франција кој удри со главата во подлогата и мораше веднаш да биде префлен во локалната болница.

Во редоследот за велеслалом Одермат се зацврсти на првото место со 460 бода, 115 повеќе од Кристоферсен додека трет е Словенецот, Жан Крањец со 290.

Одермат е лидер и во генералниот пласман со 1046 бода пред Александар Омот Килде од Норвешка со 646, а на третата позиција е Кристоферсен со 565.