Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Евролигашот пресилен за МЗТ Скопје

/

пред 1366 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва во салата на СЦ Јане Сандански беа совладани од Црвена Звезда со 80:57.

Македонскиот шампион долго време беше рамноправен противник, но во третиот период гостите од Белград ја кренаа играта на повисоко ниво и откако овој дел од натпреварот го решија во своја полза со 27:8 дефинитивно го скршија отпорот на МЗТ Скопје и стигнаа до очекуваниот триумф.

Најефикасен во победничкиот тим со 23 поени и девет асистенции беше Факундо Кампацо, а Филип Петрушев постигна 13 поени. Во редовите на МЗТ Скопје Дастин Вер имаше 16, а Војдан Стојановски 13 поени.

ФОТО: Игор Паневски