Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ахмети, Таравари, Гаши и Тачи без Касами денеска на средба со Рама во Тирана

/

пред 1380 дена

Сподели преку :

Чeтворица лидери на политички партии од албанскиот блок во земјава денеска ќе се сретнат на вечерен коктел со Рама. Само лидерот на БЕСА нема да присуствува на заедничката средба бидејќи не му се седело на иста маса со Али Ахмети. Од партијата велат дека средба Касами – Рама ќе има но одвоена.

Темата на која ќе се разговара на средбата не се открива, а и од Влада се молчеливи околу ова прашање. Владини извори велат дека се работи за неофицијална меѓупартиска средба и дека врвен приоритет на Владата е успешно завршување на преговорите за членство во ЕУ. Нема одговор дали премиерот Ковачевски го исконтактирал колегата Рама за да се информира каква е идејата за средбата и кои теми се на дневен ред, особено што тројца од поканетите предводат партии кои партиципираат во актуелниот владин состав. Македонската политичка јавност е внимателна, бидејќи од претходниот состанок на партиите на Албанците од Македонија со Рама пред точно шест години произлезе таканаречената Тиранска платформа. ДУИ, БЕСА и Алианса тогаш објавија Декларација од 7 точки за „ заедничка агенда со повеќе цели во секој нареден владин мандат“.

За портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, пак од најавената средба не треба да се прави некаква конспирација бидејќи се работи за новогодишна средба на која ќе бидат разменети мислења за состојбите во регионот, евроинтеграциите и други прашања.