Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поднесено обвинение против Жан Митрев и клиниката – собрани докази за делото „измама” на пациенти за методот хемофилтрација

/

пред 1380 дена

Сподели преку :

Поднесено обвинение против Жан Митрев и клиниката. Од скопското обвинителство информираат дека обвинението е за делото „измама“, за кое е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.

Обвинителството брифираше дека се собрани докази за обвинетиот со кои е заклучено дека тој извршил прикривање на клучни факти за хемофилтрација – метод кој го прикажувал каков што не е, и не треба да биде. Така што пациентите биле доведени во заблуда од страна на обвинетиот дека хемофилтрацијата  е алтернативен начин на лекување  на корона без научни докази.

Во обвинителството имало вкупно 283 пријавени оштетени кои биле дел од истрагата.

Правното лице се здобило со имотна корист од 97.461.600 денари односно околу 1,6 милиони евра за хемофилтрации, пресметале од Обвинителството.