Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Даравелски спроведен во КПД „Идризово“

/

пред 1380 дена

Сподели преку :

Од Табановце во Идризово. По години бегство, пранешниот директор на Царина Драган Даравелски, нешто пред 15 часот влезе во затворот за да одлежи седум години. Казна што му беше одредена во судење во отсуство и која е правосилна веќе 15 години, уште од 2008-ма година.

Сите досегашни барања за екстрадиција на Даравелски беа неуспешни. Тој до сега живееше во Србија, а и по последното барање за негова екстрадиција, кое Министерството за правда го испратило во мај 2020-та година, не беше испорачан во земјава. По него беше распишана меѓународна потерница од Интерпол, и српската полиција го уапси во два наврати, 2004-та година, и во 2016-та, но ниту тогаш не беше екстрадиран.

Заедно со Даравелски, но на помала затворска казна беше осуден и неговиот тогашен заменик Киро Доцевски. Двајцата се осудени затоа што со злоупотреба на службената положба, го оштетиле буџетот за два и пол милиони евра.

Државата во 2010-та година му конфискуваше имот на Даравелски во Куманово и во Скопје.

Сега има можност на Даравелски да му се суди повторно, во негово присуство, доколку тој го побара тоа. За евентуално повторно судење веќе постои гаранција од скопскиот кривичен суд дадена пред осум години.

Марија Дивитарова