Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар и Е. Пелистер со гостувања на почетокот од СЕХА

/

пред 1363 дена

Сподели преку :

Двата македонски претставници во ракометната СЕХА лига, Вардар и Еурофарм Пелистер во првата рунда од фазата по групи ќе им гостуваат на Татран Прешов и Војводина.

Црвено-црните на 28 овој месец ќе се соочат со шампионот на Словачка додека два дена подоцна Битолчани ќе се сретнат со екипата од Нови Сад.

Во второто коло од Б конкуренцијата, Вардар на први февруари на домашен терен за противник го има белградски Партизан, а следниот ден Еурофарм Пелистер има ново гостување во Нашице на меч со директниот конкурент за освојување на првото место во Б групата.

Првиот круг од регионалното натпреварување за македонските претставници завршува во различни термини. На 28 февруари Вардар му гостува на Партизан, а Еурофарм Пелистер на 14 март игра против Нексе.

ФОТО: Игор Паневски

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

А ГРУПА

30.01.2023 – Војводина – Еурофарм Пелистер

02.02.2023 – Нексе Нашице – Еурофарм Пелистер

02.03.2023 – Еурофарм Пелистер – Војводина

14.03.2023 – Еурофарм Пелистер – Нексе Нашице

Б ГРУПА:

28.01.2023 – Татран Прешов – Вардар 1961

01.02.2023 – Вардар 1961 – Партизан

10.02.2023 – Вардар 1961 – Татран Прешов

28.02.2023 – Партизан – Вардар 1961