Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дончиќ одличен, но Далас загуби, Мајами постави неверојатен рекорд во НБА (ВИДЕО)

/

пред 1363 дена

Сподели преку :

Лос Анџелес клиперс ја прекинаа лошата серија од шест порази по ред откако на домашен паркет славеа против Далас со 113-101 во рамки на НБА-лигата.

Лука Дончиќ беше феновменален и постигна 43 поени, но тоа не беше доволно за Маверикс. Во редовите на домашниот тим Каваи Ленард го водеше тимот со 33 поени, а Норман Пауел постигна 27 поени.

Мајами ја совлада Оклахома со 112-111 и постави неверојатен рекорд. Домашните кошаркари реализираа 40 слободни фрлања без ниту едно промашување. Џими Батлер имаше 35 поени за Хит, додека кај Тандер најдобар беше Шаи Гилгеус-Александер со 26  поени.

Донован Мичел постигна 46 поени за Кливленд во неговото прво враќање во Солт Лејк сити по трејдот, но Јута славеше со 116-114.

На останатите натпревари:
Филаделфија – Детроит 147-116
Торонто – Шарлот 132-120
Голден Стејт – Феникс 113-125