Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лопраис се повлече од Дакар откако вчера случајно усмрти навивач

/

пред 1363 дена

Сподели преку :

Чешкиот рели возач Алеш Лопраис се повлече од годинешното изндание на Дакар откако вчера случајно удри навивач на песочните дини, кој подоцна почина.

Лопраис вчера за време на 9.етапа на најпознатото светски рели со својот камион удри еден италијански навивач. Чехот во прв момент воопшто не бил свесен дека го удрил 69-годишникот, кој не бил во неговото видно поле, бидејќи бил зад песочна дина. Организаторите му ја соопштиле веста на возачот вечерта откако завршила етапата.

По инцидентот, на навивачот прво му се слошило, а починал од срцев удар на пат кон болница. Чешкиот возач денеска објавиде дека нема да ја продолжи трката и покрај тоа што се наоѓа на првото место во генералниот пласман кај камионите.