Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жоао Феликс до крајот на сезоната во Челзи

/

пред 1365 дена

Сподели преку :

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс конечно го комплетираше трансферот во Челзи и во следните шест месеци ќе го носи дресот на клубот од Стемфорд бриџ.

Дваесет и три годишниот напаѓач неколку месеци наназад инсистираше да си замине од Атлетико Мадрид, но високата откупна клаузула е најголемата пречка околу менувањето на средината и поради тоа се најде решение тој до крајот на сезоната да има статус на позајмен играч, а во текот на летото да се преговара за евентуален откуп на договорот.

Челзи на Атлетико ќе му плати сума од 10 милиони евра за позајмицата и е обврзан во следните шест месеци да му исплати половина од годишната плата која изнесува скоро 11 милиони евра.

Жоао Феликс во Атлетико дојде пред три и пол години и клубот од шпанската престолнина за комплетирањето на трансферот на Бенфика и плати обештетување од 126 милиони евра.

Во текот на овој период Португалецот, кој во 2019 беше прогласен за најдобар млад фудбалер во дресот на Атлетико одигра 131 натпревар и постигна само 34 гола.

ФОТО: Игор Паневски