Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорѓија Сајкоски е нов Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

/

пред 2194 дена

Сподели преку :

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот Христијан Мицкоски го потврди Ѓорѓија Сајкоски за нов Генерален секретар на партијата.

Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во сегашниот состав на Собранието. Инаку во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.

Членовите на Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избраа и му дадоа поддршка на Сајкоски бидејќи веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата Генерален секретар и ќе ги застапува конкретните политики на партијата кои ќе допринесат да се насочи Република Македонија на вистинскиот пат.