Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува Вевчанскиот карневав

/

пред 1364 дена

Сподели преку :

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги прикажуваат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство за изминатата година, денеска напладне ќе се одржи официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.

Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала.

Дефилето почнува околу 14 часот од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде маскираните го вртат Василичарското оро.

Преку маските вевчанци испраќаат силни пораки да биде годината бериќетна, да има среќа, здравје и да се променат негативните работи во општеството.

Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар.