Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Шоу во „Род Лејвер арена“: Ѓоковиќ и Кирјос почнаа со „здравица“, се играше и српско коло

/

пред 1370 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ приреди шоу за публиката по егизибицискиот меч со Ник Кирјос во „Род Лејвер“ арената во Австралија.

Капацитетот на трибините беа распродадени за еден час, а секој кој набави билет, уживаше во спортскиот, но и личен перформанс на српскиот тенисер кој мечот со Австралиецот го почна со „здравица“.

Потоа беше воспоставена и одлична интеракција со публиката која можеше да ужива во размена на долги поени, но и во забава што ја приредија двајцата тенисери, пред сè Ѓоковиќ.

Во паузата меѓу гемови, го понесе музиката, па заигра српско коло. Кирјос во еден момент го погоди Ѓоковиќ со топче во главата за српскиот тенисер театрално да падне на бетонската подлога.

Во егзибициите беа вклучени и дечиња и инвалидизирани лица во колички.