Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пораз на македонската репрезентација на првиот натпревар на светското првенство

/

пред 1360 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација со пораз тргна на Светското првенство откако вечерва во Краков загуби со 39 – 27 (18-11). Ривалот, кој е еден од претендентите за највисок пласман на овој турнир беше пресилен залак за подмладената Македонија.

Норвешка доминираше во првото полувреме и го диктираше резултатот, но Македонија имаше добри 20-тина минути, кога направи серија од 3-0 за да го израмни резултатот на 9-9. Противникот врати со две големи серии од 4-0 и 5-0, за на полувремето да замине со убедлива предност од 18-11.

Норвежаните рутински го одработија второто полувреме, иако македонската репрезентација во еден момент влезе во серија од 3-0 и ја намали негативата на 7 голови разлика.

Националниот тим наредниот натпревар го игра против Холандија, за два дена, во недела.