Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово – вербални докази на сведоци по предлог на обвинителите

/

пред 1374 дена

Сподели преку :

За денеска во 10 часот е закажано продолжение на главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница кој изби на 8 септември 2021 година и одзеде 14 човечки животи. На последното рочиште, на 27 декември 2022 година, претставници на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот, а денеска предвидено е да има вербални докази од сведоци кои се на предлог на обвинителите.

Судењето за пожарот во тетовската модуларна болница почна на 7 декември 2022 година по неколкуте одложувања од септември 2022 година.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

На социјалните мрежи повторно граѓаните се организираат и повикуваат на мирен граѓански протест пред тетовскиот суд за поддршка на доктор Бобан Вучевски. На 27 декември дел од граѓаните во изјави за медиумите порачаа дека за пожарот не постои лекарска вина и нема логика доктор да одговара за пожар.