Мемфис Депај наскоро ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во редовите на Интер, а во спротивен правец ќе замине Хоакин Кореа.
Двата клуба разговараат за потенцијалната размена на напаѓачи, бидејќи и двајцата играчи немаат доволно минутажа. Депај не добива шанса од Чави, а Кореа исто така има само епизодна улога кај Симоне Инзаги, па се чини промена на средината е најдобра опција за сите страни.











