Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Партизан немаше милост и го декласираше МЗТ со 53 поени разлика

/

пред 1358 дена

Сподели преку :

МЗТ Скопје тешко настрада на гостувањето кај Партизан во рамки на 15.коло во АБА-лигата. Македонскиот шампион во Белград загуби со 120-67.

Конечниот резултат кажува многу за случувањата на паркетот во „Белградската арена“. Партизан од почетокот до самиот крај не застана во ниту еден момент и безмилосно го полнеше кошот на скопскиот тим. На полувремето „црно-белите“ веќе имаа 20 поени разлика или 54-34. Во вториот дел разликата само се зголемуваше од минута во минута за конечна победа на Партизан од 53 поени или 120-67.

Ален Смаилагиќ со 24 поени беше најефикасен во редовите на победничкиот состав, додека кај МЗТ најмногу се истакна Дајман Стојановски со 16 поени.

Македонскиот првак останува на последното место во АБА-лигата со скор од само две победи и 13 порази, додека Партизан е привремено прв на табелата со 13 победи и два порази, но само бидејќи Црвена Ѕвезда има натпревар помалку.

Во следното 16.коло во сабота, МЗТ на домашен паркет пречекува уште еден фаворит, Будуќност.