Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

2021 ќе би година на Блаже Конески

/

пред 2193 дена

Сподели преку :

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за Меѓународна година на мирот и довербата со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија. Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија почнуваат иницијатива за приклучување кон прославата на оваа Меѓународна година со програма посветена на еден од великаните на македонската култура, Блаже Конески, по повод стогодишнината од неговото раѓање, велат во писмено соопштение од ресорот Култура.

Денот на кој се родил овој исклучителен културен деец е запишан на Листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021 година. Оваа годишнина заслужува сите актери на културниот, академскиот и општествениот живот да ги мобилизираат своите креативни сили за достоинствено чествување на ликот и делото на Блаже Конески. Затоа, Министерството за култура и Министерството за образование и наука подготвуваат платформа за усогласување на различните настани што ќе се одвиваат  на национално и на меѓународно ниво.

Мирот и довербата се стожерите на поетската и на научната дејност на Блаже Конески. Неговото  монументално дело ги инкарнира овие длабокохуманистички идеали, стои во дописот од Министерството за култура.