Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СП во ракомет: Аргентина ја „замрзна“ Македонија на -9, нареден ривал на ракометарите ќе биде Алжир во т.н. Президент куп

/

пред 1366 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација загуби и од Аргентина со 26:35 (полувреме 11:18) и со три порази заврши на последното место во групата Ф во прелиминарната фаза на Светското ракометно првенство во Полска и Шведска.

Националниот тим се сели од Краков во Плоцк и ќе разигрува за пласман од 25-то до 32-то место на мундијалот. Прв нареден ривал на македонските ракометари ќе биде Алжир на 19 јануари од 15:30 часот.

Потенцијални ривали на „црвено-жолтите“ во групата 2 во утешниот Президент куп се и селекциите на Мароко или САД од групата Г и Тунис или Белгија од групата Х.