Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ Скопје пред нов предизвик во АБА лигата

/

пред 1353 дена

Сподели преку :

Македонскиот шампион МЗТ Скопје попладнево од 17 часот во СЦ Јане Сандански ќе го одигра натпреварот од 16-тото коло во АБА лигата, а противник е Будуќност.

МЗТ Скопје во пресрет на дуелот со фаворизираниот противник влегува по серија од седум последователни порази во регионалното натпреварување, а последен пат на триумф македонскиот првак се радувал на 27 ноември кога на домашен терен е совладана Мега.

И покрај фактот што во Скопје гостува еден од фаворитите за највисок пласман во редовите на екипата од Аеродром веруваат дека може да се направи изненадување и да се дојде до победа која ќе го извлече МЗТ од дното на табелата.

И гостите од Подгорица во Скопје доаѓаат со негативна серија, но од два порази откако во последните две кола Будуќност е совладана од Сплит и Црвена Звезда.

ФОТО: Игор Паневски