Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зиеш бара дозвола за трансфер во Барселона

/

пред 1356 дена

Сподели преку :

Според пишувањето на британските медиуми Хакием Зиеш од раководството на Челзи побарал дозвола за преселба во Барселона, а трансферот би се реализирал во текот на јануарскиот преоден рок.

Дваесет и девет годишниот Мароканец откако во 2020 година дојде на Стемфорд бриџ одиграл 97 натпревари во сите конкуренции и поради тоа незадоволен од статусот во клубот побарал да ја смени средината.

Зиеш исто така се наоѓа на листата на желби на тренерот на Каталонците, Чави кој смета дека репрезентативецот на Мароко е идеална замена за Мемфис Депај кој веќе потпиша договор со Атлетико Мадрид.

Барселона е подготвена Зиеш во следните шест месеци да има статус на позајмен играч, а по завршувањето на сезоната да се преговара за евентуален откуп на договорот со Челзи, кој важи до 2025 година со висина на обештетување од 65 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски