Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарите поразени од Тунис, загубени шансите за првото место во групата

/

пред 1352 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација во меч од второто коло во втората група од Президент купот е совлада на од Тунис со 33:28 и остана без шанса да се бори за 24-тото место на Светскиот шампионат.

Тунижаните одлично го отворија натпреварот и поведоа со 5:0, а првиот погодок нашите ракометари го постигнаа во шестата минута. Тунис најголемата предност од пет погодоци ја одржуваше осмата минута кога водеше со 7:2, а потоа составот на Кирил Лазаров полека ја намалуваше предноста и на десет минути пред крајот се доближивме на негатива од два погодоци, кој Тунис ја задржа до крајот на првиот дел и на одмор замина со водство од 16:14.

За разлика од првото полувреме, второто го отворивме со далеку подобра игра и со серија од 4:0, Македонија поведе со 18:17.

Сепак повторно имавме период во кој игравме лошо, а тоа противникот го искористи и со четири последователни погодоци Тунис повторно ја презема контролата врз резултатот и поведе со 24:21, а во завршницата влезе со предност од шест гола по што беше јасно дека сме далеку од победа и освојување на првото место во групата.

На крајот Тунис забележа победа од 33:28 на едно коло пред крајот на мечевите во групата ја обезбеди првата позиција. Најефикасен во редовите на македонската репрезентација со осум гола беше Филип Кузмановски, седум постигна Дејан Манасков, а голманите Никола Митревски и Мартин Томовски комбинирано имаа девет интервенции.

Во редовите на Тунис најефикасен со седум гола беше Амин Дармул, а пет пати прецизен беше Тарак Жалуз.

Во последното коло в понеделник Македонија за противник ја има репрезентацијата на Мароко.

ФОТО: Игор Паневски