Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца недопирливи во Реал Мадрид

/

пред 1355 дена

Сподели преку :

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти соопшти дека во тимот во моментов има тројца фудбалери кои не се во ниту една комбинација за напуштање на клубот.

Предводникот на Кралскиот клуб потенцираше дека ветераните Лука Модриќ и Тони Крос како и еден од најмладите во составот Едуардо Камавинга остануваат на Сантијаго Бернабеу со што ги демантираше шпекулациите дека постојат големи шанси тројцата во текот на зимскиот преоден рок да најдат нова средина.

Модриќ и Крос на крајот од сезоната ќе имаат статус на слободни играчи и можеби ќе си заминат од Реал, но под услов да се најдат соодветни замени додека за Камавинга се шпекулираше дека постои можност тој да се пресели во друг клуб со статус на позајмен играч.

Дека Крос и Модриќ во јуни ќе заминат од клубот е повеќе од јасно бидејќи претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез интензивно бара замени за двајцата клучни играчи во средниот ред.

ФОТО: Игор Паневски