Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиасим и Хуркач без четвртфинале во Мелбурн

/

пред 1351 дена

Сподели преку :

На Отвореното тениско првенство на Австралија познати се првите четвртфиналните двојки на машкиот дел од турнирот.

Настапот во Мелбурн заврши за шестиот носител Феликс Оже Алиасим кој во четири сета со 4:6, 6:3, 7:6 и 7:6 во меч што траеше 3 часа и 17 минути е совладан од 71. играч на светот, Чехот, Јиржи Лехечка.

Противник на 22 годишниот тенисер во четвртфиналето ќе му биде треторангираниот Стефанос Циципас, кој во последниот меч од денешната програма по четири часа борба забележа победа со 3:2 во сетови над Јаник Синер од Италија.

Настапот на првиот Гренд слем во сезоната го заврши и фаворитот број 10, Хуберт Хуркач по елиминацијата од Себастијан Кордо. Американецот до првото Гренд слем четвртфинале го обезбеди по триумфот со 3:2 по сетови 3:6, 6:3, 6:3, 2:6 и 7:6, а до победата стигна по три и пол часа минати на теренот.

Место меѓу осумте најдобри обезбеди и Карен Хачанов, кој немаше поголеми проблеми во мечот против Јошихито Нишиока совладувајќи го со 6:0, 6:0 и 7:6.

ФОТО: Игор Паневски