Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем интерес за македонскиот јазик на зимската школа на семинарот посветен на Ацо Шопов- во „Аманет“ напиша „Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија“

/

пред 1349 дена

Сподели преку :

-Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија. Овој стих на великанот Ацо Шопов е запишан во неговата поетска книга „Аманет-Дрво на ридот“43 години потоа, стихот ја одразува смислата на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, рече на отварањето на школата,  д-р Весна Мојсова –Чепишевска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ.

Интересот за изучувањето на македонскиот јазик во светски рамки се повеќе се зголемува, констатира таа.

Ова го покажува фактот што на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура се пријавени повеќе од 40 учесници од 17 земји од светот.

Треба да бидеме особено горди, истакна претседателот Пендаровски.

Годинашното издание е во  чест на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање.