Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Федерер ужива во слободното време: Од скијање на Алпите, до гала вечер на „Диор“ и посета на Fashion Week

/

пред 1349 дена

Сподели преку :

Ова е прва сезона, по цели 22, што ќе биде без Роџер Федерер, еден од најголемите тенисери во историјата на „белиот спорт“. Швајцарецот се прости од АТП турот во септември во 2022 година, на Лејвер купот во Лондон, кога неговите емоции и солзи го обиколија светот. Тој во 41-та година од животот не можеше да се врати и да биде на професионално ниво, по неколкуте тешки повреди и операција на коленото и реши да стави крај на кариерата.

Федерер сега има многу слободно време за да ужива во нештата што со години ги пропушташе поради тенисот, тренинзите, патувањата, настапите на турнирите. Животот целосно му се промени, што може да се забележи и малкуте детали што ги споделува на Инстаграм. Додека трае Австралија опен, гренд слем на кој Новак Ѓоковиќ ја брка јубилејната 10-та титула во Мелбурн, швајцарскиот тениски ас ужива во скијањето.

„Минаа 15 години. Се чувствувам толку добро што се вратив на ски. Нов почеток“, нашиша Федерер покрај објавеното видео од планина, на кое демонстрира завидна умешност на скии.

Вишокот на слободно време го користи и за чести посети на многу модни настани и гала вечери што ги организираат големите модни брендови. Последните два дена беше забележан во Париз, најпрво на настан во организација на „Диор“, а потоа и на „Фешн вик“ (Fashion Week), во друштво на сопругата Мирка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)