Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот Османи ја компромитира истрагата за нападот врз Пендиков, смета поранешниот судија Туфегџиќ и прашува дали и обвинети ќе се „евакуираат“ со авиони

/

пред 1349 дена

Сподели преку :

На прашање како ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дадена во интервју за бугарска телевизија во која шефот на дипломатијата вели дека без разлика на тоа што ќе кажат сторителите во истрагата тој му верува на нападнатиот Пендиков и на неговата мајка, поранешниот истражен и кривичен судија Владимир Туфегџиќ во ТОП ТЕМА на Телма рече дека со тоа е компромитирана истрагата.

-Директна компромитација. Директна компромитација на истражните дејствија, оцени Туфегџиќ кој сега е адвокат.

Тој рече дека по целиот серијал на изјави на министерот за тековната истрага за нападот врз секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“, очекувал раководителот на охридското обвинителство да излезе и да повика на воздржаност додека трае постапката.

-Сите сме за тоа да се казни сторителот доколку истрагата утврди елементи за кривична одговорност. Јас затоа и реагирав на начинот на кој е евакуирано лицето од Македонија. Тоа е тежок термин- „евакуација“, знаете ли Вие што тоа значи. Утре, ако тоа останало без реакција од македонските правосудни авторитети и власти и потполно е игнорирано од страна на друга држава, што може да очекуваме. Ако има друго некое лице, својство на обвинет, дали исто така ќе дојдат и ќе го изнесат од државата, наведе Туфегџиќ во ТОП ТЕМА на Телма.

-Требало да реагира обвинителот од Охрид, а министерот требало да почека со давање изјави. Да види што ќе покаже истрагата, кои се причините, кои се мотивите. Ми се чини дека многу брзо и многу лесно се браниме од Република Бугарија како не знам што ќе и згрешиме на Бугарија. Такви ситуации ќе имаме се повеќе, каде ќе имаме злоупотреба на класични кривични дела за одредени регионални прашања. Нема потреба да се крева нивото додека не слушнеме кои се причините и мотивите, наведе во емисијата ТОП ТЕМА, адвокатот Виктор Цветковски, кој е поранешен државен секретар во Министерството за правда и поранешен директор на Управата за извршување на санкции.

Топ Тема – Зошто предмети за висока корупција шетаат по судовите до застарување?