Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Швеѓаните без Готфридсон до крајот на СП

/

пред 1347 дена

Сподели преку :

Еден од домаќините на Светскиот шампионат во ракомет, Шведска успеа да се пласира во полуфиналето, но во продолжение од турнирот остана без првата ѕвезда во екипата Јим Готфридсон.

Во прв момент се сметаше дека повредата на Готфридсон не е сериозна сепак по деталните прегледи констатирано е дека тој има фрактура на раката и го очекува подолга пауза.

Швеѓаните во четвртфиналето беа поуспешни од селекцијата на Египет, а во битката за настап во решавачкиот натпревар за златото ќе се соочат со Франција.

Дуелот против Триколорите на програмата е утре во Стокхолм и почнува во 21 часот додека истиот ден од 18 часот во Гдањск ќе се сретнат репрезентациите на Данска и Шпанија.