„Тешко е да се каже кој го пали огнот, но тоа што го гледам во моментов е дека ние разговараме на различни јазици и тоа е многу сериозен проблем. Ние сериозно гледаме дека има проблем, а од другата страна велат – не, нема проблем, нашата држава е идеална. И тука нема како да се разбереме“, вели во изјава за БНТ амбасадотот на Софија во Скопје, Ангел Ангелов.











