Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ниту законот за слободен пристап не може да ја извади банкарската гаранција на „Балкан јутилитис“ на виделина

/

пред 1357 дена

Сподели преку :

Банкарската гаранција на бугарската фирма „Балкан Јутилитис“ доставена на тендерот на ЕСМ Продажба за набавка на гас останува тајна.

ЕСМ и ЕСМ Продажба го игнорираа и го прекршија Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во законски предвидениот рок не одговорија на барањето и не ја доставија на увид банкарската гаранција.

Барањето на 18 јануари беше поднесено до Владата и до ЕСМ. Владата се прогласи за ненадлежна и соопшти дека барањето го препраќа до ЕСМ како имател на информацијата.

На 20 јануари и државната компанија се прогласи како ненадлежна односно дека не е имател на информацијата – банкарска ганација на „Балкан Јутилитис“ и дека барањето е испратено до ЕСМ Продажба од кога почна да тече рокот од 5 дена.

Интересно е што ЕСМ Продажба која е фирма ќерка на ЕСМ, и преку која одат набавките на струја и гас вредни стотина милиони евра, нема назначено лице за слободен пристап до информации за јавен карактер нешто што е нејзина обврска и е флагрантно кршење на Законот и се коси со изјавите на раководството на ЕСМ и Владата за целосна и максимална транспарентност.

Токму затоа и во одговорот доставен од ЕСМ не е наведено лицето за контакт па  не е јасно кој воопшто треба да го одговори прашањето во ЕСМ продажба и потоа да им го достави на ЕСМ кои се изјаснија дека не ја поседуваат информацијата однонсо банкарската гаранција.

Инаку според пишувањата во медиумите,   бугарската фирма Балкан Јутилитис  2019 и 2021 работела со загуби па затоа се поставува прашањето која банка издала банкарска  гаранција за  компанија која испорачувала вакви резултати.

Огнен Чанчаревиќ